Снимање видео клип
За да го активирате видео режимот, притиснете и задржете го копчето за
фотографирање; или, ако сте во режим на слики, скролувајте лево или десно.
За да започнете да снимате видео клип, одберете
Снимај
или притиснете го
копчето за фотографирање; за да го паузирате снимањето, одберете
Пауза
или
притиснете го копчето за фотографирање; за да го продолжите снимањето,
одберете
Продол.
или притиснете го копчето за фотографирање; за да го
стопирате снимањето, одберете
Стоп
.
Вашиот уред поддржува максимална видео резолуција од 640x480 пиксели и ги
зачувува видео клиповите во меморијата на телефонот или на мемориска
картичка, доколку е достапна.