USB податочен кабел
Можете да го користите USB податочниот кабел за пренос на податоци помеѓу
телефонот и компатибилен компјутер или принтер кој поддржува PictBridge.
За да го активирате телефонот за пренос на податоци или печатење на слики,
поврзете го податочниот кабел и изберете го режимот:
Прашај при пов. — за да го поставите вашиот телефон да прашува дали треба
да се воспостави врската
PC Suite — за да го користите кабелот за PC Suite
Печатење и медиа — за да го користите телефонот со PictBridge компатибилен
принтер или со компатибилен компјутер
Складира. податоци — за да се поврзете на компјутер кој нема Nokia софтвер и
да го користите телефонот за сместување податоци
За да го смените USB режимот, изберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Конектив.
>
USB дата кабел
и саканиот USB режим.