Упатување повик
Можете да упатите повик на неколку начини:
•
Внесете го телефонскиот број, вклучувајќи го и повикувачкиот број и
притиснете го копчето за повик.
За меѓународни повици, притиснете * два пати за меѓународниот префикс
(знакот + го заменува меѓународниот пристапен код), внесете го кодот на
државата, повикувачкиот број на местото по потреба без почетната 0 и
телефонскиот број.
•
За да пристапите до дневникот на повици, притиснете го еднаш копчето за
повик во режимот на почетниот екран. Изберете број или име и притиснете го
копчето за повик.
•
Побарајте име или телефонски број кој сте го снимиле во листата на контакти.
Видете "Управување со контакти" стр. 29.
За да ја прилагодите гласноста при повик, притиснете го копчето за гласност нагоре
или надолу.