Nokia 6700 Classic - Управување со дигитални права

background image

Управување со дигитални права

Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија за

управување со дигитални права (DRM) за заштита на нивната интелектуална

сопственост, вклучувајќи ги и авторските права. Овој уред користи различни

типови на DRM софтвер за пристап до содржини заштитени со DRM. Со овој уред

можете да пристапите на содржина заштитена со WMDRM 10, OMA DRM 1.0, OMA DRM

1.0 однапред заклучени и OMA DRM 2.0. Ако одреден DRM софтвер не успее да ја

заштити содржината, сопствениците на содржината може да побараат да биде

повлечена таквата DRM софтверска можност за пристап до новите DRM заштитени

содржини. Повлекувањето исто така може да спречи обнова на таквата DRM

8

Општи информации

background image

заштитена содржина која е веќе во вашиот уред. Повлекувањето на таквиот DRM

софтвер не влијае на употребата на содржина заштитена со други типови на DRM

или употребата на содржина што не е заштитена со DRM.
Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со клуч за активирање што ги

дефинира Вашите права за користење на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија на клучевите за активација и на содржината, користете ја функцијата за

правење резервни копии на Nokia PC Suite.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и клучевите за активирање

и содржината ќе бидат изгубени ако меморијата на уредот се форматира. Може

исто така да ги загубите клучевите за активирање и содржината ако датотеките на

Вашиот уред бидат оштетени. Губењето на клучевите за активирање или на

содржината може да ја ограничат Вашата можност за повторно користење на

истата содржина на Вашиот уред. За повеќе информации, контактирајте го Вашиот

оператор.