Nokia 6700 Classic - Кодови за пристап

background image

Кодови за пристап

За да прилагодуте како Вашиот телефон да ги користи кодовите за пристап и

безбедносните прилагодувања, одберете

Мени

>

Прилагодувања

>

Безбедност

>

Пристапни кодови

.

Безбедносниот код Ви помага да го заштитите Вашиот телефон од неовластено

користење. Фабрички наместениот код е 12345. Можете да го промените кодот

и да го наместите телефонот да го бара кодот. Некои операции го бараат

безбедносниот код без оглед на прилагодувањата, на пример ако сакате да ги

повратите фабричките прилагодувања. Новиот код чувајте го во тајност и на

безбедно место подалеку од Вашиот телефон. Ако го заборавите кодот и

Вашиот телефон е заклучен, Вашиот телефон ќе ја побара услугата и може да

се применат дополнителни трошоци. За повеќе информации, контактирајте со

некоја Nokia Care точка или дилерот на Вашиот телефон.

PIN кодот, доставен со SIM картичката, Ви помага да ја заштитите картичката

од неовластена употреба.

PIN2 (UPIN2) косот, доставен со некои SIM (USIM) картички, е потребен за

пристап во одредени услуги.

PUK (UPUK) и PUK2 (UPUK2) може да бидат доставени со SIM (USIM) картичката.

Ако го внесете PIN кодот неточно три пати по ред, ќе Ви биде побаран PUK

кодот. Ако кодовите не Ви се доставени, контактирајте со Вашиот обезбедувач

на услуги.

Лозинката за забрани е потребна кога ја користите услугата за забрана на

повици за да ги забраните повиците до и од Вашиот телефон (мрежна услуга).

За да ги видите или промените прилагодувањата на безбедносниот модул за

пребарувачот, одберете

Мени

>

Прилагодувања

>

Безбедност

>

Прил. на

мод. за без.

.