Мапи и GPS
Штом надворешниот GPS приемник во Вашиот уред лоцира сателитски сигнал,
може да потрае неколку минути за уредот да ја прикаже моменталната локација.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван од Владата на Соединетите
Држави, која е единствено одговорна за точноста и одржувањето на системот. На
точноста на податоците на локацијата може да влијае прилагодувањето на GPS
сателитите кое го прави Владата на Соединетите Држави и е предмет на промена
со политиката за цивилен GPS на Министерството за Одбрана на Соединетите
Држави и Федералниот Радионавигационен План. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на сателитите. На достапноста и квалитетот на GPS
сигналите може да влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како и
временските услови. GPS сигналите може да не се достапни во внатрешноста на
згради или под земја и може да бидат попречени од материјали како што се бетон
или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не треба никогаш да
се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.