Грижа и одржување
Вашиот уред е производ со супериорен дизајн и изработка и кон него треба грижливо да се однесувате. Следниве
сугестии ќе Ви помогнат да ја заштитите важечката гаранција.
•
Чувајте го уредот сув. Преципитацијата, влажноста и сите типови на течности и влага може да содржат минерали
што ќе ги кородираат електронските кола. Ако Вашиот уред сепак се навлажни, отстранете ја батеријата и оставете
уредот целосно да се исуши пред да ја смените.
•
Не го користете или чувајте уредот во прашливи, нечисти места. Неговите подвижни делови и електронски
компоненти може да се оштетат.
•
Не го чувајте уредот на топли места. Високите температури може да го намалат векот на електронските уреди, да
ги оштетат батериите или да искриват или растопат одредени пластични делови.
•
Не го чувајте уредот на студени места. Кога уредот се враќа на нормална температура, во внатрешноста на уредот
може да се формира влага и да ги оштети плочките на електронските кола.
•
Не се обидувајте да го отворите уредот на друг начин освен како што е наведено во ова упатство.
•
Не го испуштајте удирајте или тресете уредот. Грубото ракување може да ги скрши внатрешните плочки на колата
и прецизната механика.
•
Не користете груби хемикалии, раствори за чистење, или јаки детергенти за чистење на уредот.
•
Не обојувајте го уредот. Бојата може да ги заглави подвижните делови и да спречи правилно функционирање.
•
Користете мека, чиста, сува ткаенина за чистење на било кои леќи, како што се камерата, сензорот за близина и
леќите на светлосниот сензор.
56 Информации за производот и безбедноста
•
Користете ја само антената што е приложена или нејзина одобрена замена. Неодобрените антени, модификации
или приклучоци може да го оштетат уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радио уреди.
•
Користете ги полначите во затворен простор.
•
Секогаш направете резервна копија на податоците што сакате да ги зачувате, како што се контакти и белешки од
календарот.
•
За да го ресетирате уредот од време на време за оптимални перформанси, исклучете го уредот и отстранете ја
батеријата.
Овие сугестии се однесуваат подеднакво на Вашиот уред, батерија, полнач или било кој додаток. Ако било кој уред не
работи правилно, однесете го до најблискиот овластен сервис.