Инсталирање SIM картичка и батерија
Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.
Овој телефон е наменет за употреба со батеријата BL-6Q. Секогаш употребувајте
оригинални Nokia батерии.
Видете "Упатства за проверка на Nokia
батерии" стр. 55.
SIM картичката и нејзините контакти лесно можат да бидат оштетени со гребење
или виткање, па бидете внимателни при ракувањето, вметнувањето или
отстранувањето на картичката.
1 Отстранете го задниот капак.
2 Вметнете ја SIM картичката во лежиштето со површината на контактот
завртена надолу.
За почеток
9
3 Внимавајте на контактите на батеријата и вметнете ја батеријата.
4 Вратете го задниот капак.